сабота, 27 јули 2024

Трамп: Русија не го крена во воздух Северен тек (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Не сакам неволји за својата земја, па нема да одговорам. Можам само да кажам кој ова не го направи – тоа е Русија“, одговори Трамп на прашањето на новинарот на Фокс њуз Такер Карлсон кој е виновен за експлозијата на гасоводот.

Трамп кажа и дека за време на својот претседателски мандат често разговарал со рускиот лидер Владимир Путин на тема Украина и дека во зборовите на својот колега видел љубов кон таа земја.

„Видов дека ја сака и дека ја смета за дел од Русија. Му кажав: тоа нема да се случи додека јас сум претседател. Имавме многу добри односи. Види, јас сум најлошото нешто што му се случи. Го затворив неговиот гасовод. Никогаш не сте слушнале за Северен тек додека јас не дојдов на власт. Северен тек 2 беше нивен гасовод. И имав одличен однос )со Путин“, кажа Трамп за Фокс њуз.

За лидерите на Русија, Кина и Северна Кореја кажа, пак, дека се меѓу најпаметните политичари во светот.

„Сите тие се најдобри. Нашите момци не се и никогаш не биле. Овие луѓе се најдобрите во својата игра“, изјави Трамп одговарајќи на прашањето како ги гледа светските лидери.

Зборувајќи за кинескиот претседател Си Џинпинг, го окарактеризира како „брилијантен човек“.

Трамп во разговорот со Такер Карлсон зборуваше и за сегашниот претседател на САД Џо Бајден, кажувајќи дека е нереално тоа што неговиот ривал од редовите на демократите ќе остане во изборната трка за мандатот во 2024, оценувајќи дека „нешто не е во ред со актуелниот американски лидер“.

„Го гледам, исто како и вие. Според мене, речиси е неприфатливо да го кажам тоа, но не можам да замислам дека тоа е можно. Нешто не е во ред со него“, кажа Трамп.

Поранешниот американски претседател потсети на неодамнешно интервју на Бајден за време на кое беше прашан дали планира да се кандидира, но тој не можеше директно да одговори заплеткувајќи се во неповрзани реченици.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ