Тој тврди дека тоа се случило поради „протекување на документација“.
„Русија го украла проектот, тие го добиле од нас. Некоја лоша личност им го дала проектот“, кажа Трамп.
„Тие го украле за време на администрацијата на Обама, а не на Џо Бајден. Иако очигледно многу украле од Бајден, ќе слушнеме и за тоа“, кажа Трамп.
Трамп најави дека САД ќе развијат суперсонични ракети кои ќе бидат „многу подобри“ од руските.