понеделник, 21 октомври 2024

Трамп реагираше на говорот на Харис: Таа е ужасна личност, таа е неуспешна, јас сум успешен

Откако Камала Харис одржа говор на Националната конвенција на Демократската партија (ДНЦ), реагираше и Доналд Трамп кој упати низа критики кон бројни функционери на оваа партија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за Фокс њуз по обраќањето на Харис, Трамп повтори дека таа е ужасна личност.

„Таа е неуспешна. Јас сум успешен човек. Одлично ми оди со латиноамериканските гласачи. Одлично се снаоѓам со црните мажи. А, одлично ми оди и со жените бидејќи тие сакаат сигурност“, рече Трамп.

Тој исто така порача дека планира да се сретне и со Роберт Кенеди Џуниор, кој би можел да ја поддржи неговата кандидатура.

„Имав одличен однос со него низ годините, го почитувам. Тој ме почитува. Немам поим дали ќе ме поддржи. Ќе се сретнеме и ќе разговараме за тоа“, изјави тој.

Покрај за Фокс њуз, Трамп објави и десетици коментари на социјалната мрежа Трут соушл и го критикуваше речиси секој дел од говорот на Харис.

„Таа не ја спомна Кина, не ја спомна енергетиката, не ги спомна Русија и Украина, не ги спомна големите теми на денот што ја уништуваат нашата земја“, додаде тој.

Потпретседателката на Демократската партија, Камала Харис, го одржа најважниот говор во својот живот во четвртокот, на последната вечер на Демократската национална конвенција во Чикаго, при што таа официјално ја прифати својата номинација за претседателски кандидат на демократите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ