среда, 18 септември 2024

Трамп: Пукаа во моја близина. Никогаш нема да се предадам

Доналд Трамп синоќа објави соопштение во кое изјави дека „никогаш нема да се предаде“. Тоа беше негова изјава откако пукаа во негова близина додека играше голф на Флорида.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Имаше пукање во моја близина, но пред гласините да излезат од контрола, сакав прво да го слушнете ова: ЈАС СУМ НА БЕЗБЕДНО И ДОБАР! Ништо нема да ме забави. НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ПРЕДАДАМ!“ рече тој.

„Единство. Мир. Да ја направиме Америка повторно голема. Господ да ве благослови“, напиша Трамп.

Тој повторно се јави утрово, заблагодарувајќи им се на сите за нивната „грижа и добри желби“ по „очигледниот обид за негово убиство“.

Во објава на својата платформа Трут соушл, Трамп напиша „најголема благодарност до американската тајна служба, шерифот на округот Палм Бич Рик Бредшо и сите полициски сили за неверојатната работа направена во Трамп Интернешнл“. „Јас, 45-тиот претседател на САД и републикански кандидат на претстојните избори, сигурен сум поради нив. Тие завршија апсолутно извонредна работа“, напиша Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ