сабота, 27 јули 2024

Трамп прогласен за виновен за прекршување на законот и плаќање пари на Сторми Даниелс за да молчи

Поротата донесе пресуда во кривичното судење на Доналд Трамп за тајна исплата на пари на поранешната порноглумица Сторми Даниелс. Тој беше прогласен за виновен по сите 34 точки од обвинението. Судијата Хуан Мерчан го одреди 11 јули како датум на изрекување на пресудата. Трамп го нарече судењето „срамно“ и „наместено“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој беше прогласен за виновен за фалсификување деловни документи во 34 точки.

Судскиот службеник ја праша поротата дали го прогласиле за виновен Доналд Трамп.

Поротниците одговорија „да“ и потоа поединечно ја потврдија својата одлука.

Адвокатот на Трамп, Тод Бланш, побара да биде ослободен од обвиненијата. Бланш рече дека нема шанси поротата да ја донела оваа пресуда без сведочењето на Мајкл Коен и дека одбраната верува дека Коен извршил лажно сведочење на ова судење.

Судијата Хуан Мерчан го одби барањето за ослободителна пресуда.

Трамп беше обвинет дека прикрил пари наменети за исплата на поранешната порноѕвезда Сторми Даниелс.

Обвинителите поминаа неколку недели обидувајќи се да докажат дека Трамп свесно му плаќал на својот поранешен посредник Мајкл Коен месечни рати од 35.000 долари и дека овој ѝ платил 130.000 долари на Даниелс.

До судот се доставени 11 фактури, 12 ваучери и 11 чека.

Неговите адвокати рекоа дека Трамп е жртва на уцена од Сторми Даниелс и потсетија дека Мајкл Коен, главниот сведок на тужбата, веќе е осуден поради лажење под заклетва.

Трамп негираше дека знаел нешто за надоместоците на Коен и ја негираше наводната сексуална врска со Сторми Даниелс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ