сабота, 27 јули 2024

Трамп прогласен за виновен за клевета, мора да плати повеќе од 80 милиони долари

Поротата во федералниот суд во Њујорк му наложи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да ѝ плати отштета од 83,3 милиони долари на Елизабет Џин Керол, која го обвини дека ја уништил нејзината репутација на доверлива новинарка негирајќи дека ја силувал пред речиси три децении.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пресудата ја донесе поротата составена од седум мажи и две жени на судењето на кое Трамп редовно присуствуваше, пренесе АП.

Тој ненадејно ја напушти судницата за време на завршните зборови на адвокатот на Керол, за подоцна да се врати.

Керол се насмеала кога била изречена пресудата, според АП, додавајќи дека Трамп веќе ја напуштил зградата со својата поворка.

„Апсолутно смешно!“ изјави Трамп веднаш по објавувањето на пресудата и вети дека ќе поднесе жалба.

„Нашиот правен систем е надвор од контрола и се користи како политичко оружје“, рече Трамп (77).

Керол (80) го тужеше Трамп во ноември 2019 година поради неговото негирање пет месеци претходно дека ја силувал во средината на 90-тите во соблекувална во стоковната куќа Бергдорф Гудман во Менхетен.

Друга порота минатиот мај му наложи на Трамп да ѝ плати на Керол 5 милиони долари поради слично негирање во октомври 2022 година, одредувајќи дека тој ја клеветел и сексуално ја нападнал Керол.

Трамп ја обжали одлуката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ