вторник, 21 јануари 2025

Трамп повторно ја назначи Куба како држава-спонзор на тероризмот

Старо-новиот американски претседател Доналд Трамп вчера ја смени одлуката на администрацијата на Бајден за отстранување на Куба од американската листа на држави-спонзори на тероризмот, објави Белата куќа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Само неколку часа по својата инаугурација, Трамп го потпиша таканареченото „поништување“ на одлуката на претходникот Џо Бајден од 11 јануари за отстранување на ознаката на комунистичкиот остров како држава спонзор на тероризмот.

Одлуката на Трамп, меѓу десетиците укинувања на прописите и дејствијата на демократскиот претседател што новата Бела куќа ги смета за „штетни“, практично ја враќа Куба на листата на која самиот републикански претседател ја стави Куба на крајот од својот прв мандат во 2021 година.

Целта на минатонеделната одлука на Бајден, придружена со согласноста на Куба да ослободи повеќе од 500 затвореници од своите затвори, се чини дека беше укинување на многу од санкциите наметнати од Трамп за време на неговите претходни четири години на власт.

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел доцна синоќа одговори на социјалните мрежи, нарекувајќи ја одлуката на Трамп да ги отповика мерките на Бајден „чин на потсмев и злоупотреба“.

Куба, која отсекогаш цврсто одбиваше каква било поддршка за тероризмот, почна да ослободува мал број затвореници како дел од поширокиот план договорен со Ватикан. Но со одлуката на Трамп, не е јасно дали тие ослободувања ќе продолжат.

Отстранувањето на Куба од терористичката листа ќе ги олесни поврзаните санкции на островот, кој веќе страда од длабока економска криза.

Бајден, исто така, ја отповика наредбата на Трамп од 2017 година со која се ограничуваат финансиските трансакции со некои кубански субјекти поврзани со војската и владата, според висок претставник на администрацијата.

Покрај тоа, Бајден минатата недела се обиде да блокира поединци да поднесуваат тужби против кубански ентитети и странски компании според Законот Хелмс-Бартон поради имотот запленет по револуцијата на Фидел Кастро во 1959 година, рече функционерот.

Не е јасно дали Трамп, остар критичар на Куба, кој за време на својот прв мандат работеше да ги поништи позитивните чекори кон намалување на тензиите со Хавана од ерата на Барак Обама, сега ќе дозволи овие тужби да продолжат.

Минатата недела кубанската влада ја нарече најавата на Бајден чекор во „вистинската насока“, но ги обвини САД дека продолжуваат со „економската војна“ против островот, бидејќи американското трговско ембарго против Куба од времето на Студената војна остана во сила.

Многумина, ако не и сите затвореници ослободени минатата недела беа уапсени бидејќи беа поврзани со антивладините протести од јули 2021 година, најголемите протести од револуцијата на Фидел Кастро во 1959 година.

САД, Европската Унија и групите за човекови права го критикуваа одговорот на Куба на протестите како репресивен и остар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ