вторник, 10 декември 2024

Трамп: Постои оружје кое со еден удар би ги уништило и Њујорк и Јужна Каролина (ВИДЕО)

Коментарите на Доналд Трамп за опасноста од нуклеарно оружје што „би можело да ги уништи и Њујорк и Јужна Каролина“ предизвика бројни реакции во САД.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За време на интервјуто со водителката на Фокс Њуз, Лора Инграхам, Трамп рече дека е загрижен за безбедноста на своите поддржувачи.

„Загрижен сум за нивната безбедност. Тие луѓе, како и сите во оваа просторија, во моментов се во голема опасност. Има нуклеарно оружје кое, ако го погоди Њујорк, би ја уништило и Јужна Каролина“, рече Трамп.

Јужна Каролина, инаку, е родната држава на Ники Хејли, противкандидатката на Трамп во борбата за републиканската претседателска номинација.

Засега нема објаснување што точно мислел Трамп, а многумина се сомневаат во вистинитоста на неговите тврдења.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ