За време на интервјуто со водителката на Фокс Њуз, Лора Инграхам, Трамп рече дека е загрижен за безбедноста на своите поддржувачи.
„Загрижен сум за нивната безбедност. Тие луѓе, како и сите во оваа просторија, во моментов се во голема опасност. Има нуклеарно оружје кое, ако го погоди Њујорк, би ја уништило и Јужна Каролина“, рече Трамп.
Trump: I worry about their safety too. These people, everyone in this room is in great danger. We have a nuclear weapon that if you hit New York, South Carolina is gone pic.twitter.com/qhMiUP05hW
— Acyn (@Acyn) February 22, 2024
Јужна Каролина, инаку, е родната држава на Ники Хејли, противкандидатката на Трамп во борбата за републиканската претседателска номинација.
Засега нема објаснување што точно мислел Трамп, а многумина се сомневаат во вистинитоста на неговите тврдења.