„Тој помилува луѓе кои се многу, многу виновни за многу сериозни злосторства“, кажа републиканецот во вториот говор по инаугурацијата, особено осврнувајќи се на членовите на парламентарниот истражен одбор кој ја осуди неговата улога во упадот во Капитол на 6 јануари 2021. Трамп истакна дека помилувањата на Бајден се срамни.
Непосредно пред да му ја предаде власта на Трамп, Бајден, сакајќи да спречи можна одмазда превентивно помилува одделни функционери и државни службеници како и пет члена на своето семејство, наводно заштитувајќи ги од можна одмазда од Трамп.
Имајќи предвид дека неговиот републикански наследник вети дека „ќе им се одмазди“ на своите политички противници, 82-годишниот демократ на заминувањето реши да ги заштити луѓето од „црната листа“ на Трамп од „неоправдани и политички мотивирани правни постапки“.