Анкетата објавена на 2-ри ноември покажа дека демократската кандидатка Камала Харис ќе победи во Ајова со три до четири процентни разлика. Други анкети во Ајова укажаа на поинаков исход, а многу аналитичари беа скептични дека Трамп ќе ја загуби државата, која ја освои за осум процентни поени во 2020 година. На крајот, Трамп победи во Ајова со 13 проценти предност во однос на Харис.
„Според мое мислење, таа анкета беше измама и мешање во изборите“, рече Трамп за време на прес-конференцијата во понеделникот. Тужбата беше поднесена подоцна истиот ден во округот Полк, Ајова.
Во тужбата се наведува дека Селцер намерно ги променила резултатите од анкетата во корист на Харис. „Анкетата не беше „неуспех“, туку обид да се влијае на исходот на претседателските избори во 2024 година“, се наведува во тужбата. Се повикуваат и „левите анкетари“ за манипулирање со податоци и некористење на „широко прифатена методологија на анкетирање“.
Селцер се пензионираше набргу по изборите, но рече дека одлуката не е поврзана со спорната анкета. Трамп бара од судот да му досуди финансиска компензација и да ги покрие трошоците на неговите адвокати, но и да ја принуди новинската компанија да ги „открие сите информации на кои се потпирала“ при подготовката на анкетата.
Веста за тужбата доаѓа откако Еј-би-си се согласи да му плати на Трамп 15 милиони долари како дел од спогодбата во тужбата на Трамп за клевета против Еј-би-си. Водителот Џорџ Стефанопулос во програмата „Оваа недела“ на Еј-би-си во март оваа година повеќе пати изнесе лажно тврдење дека Трамп е прогласен за виновен на суд за силување на новинарката Е. Џин Керол.