четврток, 26 декември 2024

Трамп победи и во Пенсилванија

Освен во превртливите држави Џорџија и Северна Каролина, Доналд Трамп победи и во Пенсилванија, проектира Си-ен-ен, намалувајќи ги можните шанси на Камала Харис до победата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На Трамп и на Харис им требаат најмалку 270 електорски гласови за да ја добијат претседателската функција. Харис досега има освоено 188 електорски гласа, а Трамп 266, и му требаат уште само четири за да победи.

Пребројувањето на гласовите продолжува во другите клучни држави, Аризона, Мичиген, Висконсин и Невада.

Во меѓувреме, републиканците ќе ја освојат контролата во Сенатот, пресврт што ја менува рамнотежата на силите во Вашингтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ