петок, 14 март 2025

Трамп: Побарав од Путин да ги поштеди Украинците во Курск

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имал „многу добар и продуктивен“ телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, тврдејќи дека „постои голема шанса оваа ужасна, крвава војна конечно да заврши“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп кажа и дека разговарал со Путин за украинските сили во Курск, замолувајќи го рускиот претседател „да им ги поштеди животите“ бидејќи, според достапните информации, се опкружени од руските сили.

„Имавме многу добар и продуктивен разговор со претседателот Владимир Путин од Русија вчера и постои голема шанса оваа ужасна, крвава војна конечно да заврши.

Но во овој момент, илјадници украински војници се целосно опкружени од руската војска и се во многу лоша и ранлива позиција.

Од претседателот Путин силно побарав да им ги поштеди животите. Тоа би бил ужасен колеж, каков што не е виден од Втората светска војна. Бог да ги благослови!!!„, напиша Трамп на својата мрежа Трут соушал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ