сабота, 15 март 2025

Трамп побара од Путин да ги поштеди опкружените украински сили во Курск, Путин одговори

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ се обрати на јавноста. Тој кажа дека ситуацијата „почнува да се менува“ по разговорот со претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, во Москва, истакнувајќи: „Ќе видиме што ќе произлезе од тоа“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Путин одговори и на барањето на Трамп да е поштедат животите на украинските војници опкружени во рускиот регион Курск. Американскиот претседател на својата социјална мрежа Трут соушал напиша: „Силно побарав од претседателот Путин од Русија да им се поштедат животите. Тоа би бил ужасен масакр, каков што не е виден од Втората светска војна“.

Одговарајќи на пораката на Трамп, Путин ги повика украинските власти да им наредат на своите војници да се предадат.

Тој кажа дека, во случај на предавање, Русија гарантира дека животите ќе им бидат поштедени.

Киев претходно негираше дека украинските трупи во Курск се опколени и ги отфрли тврдењата како невистинити, а тврди дека украинските војници само се повлекле на поповолни позиции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ