сабота, 27 јули 2024

Трамп откажа предизборен митинг во Северна Каролина поради невреме

Американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп вчера го откажа предизборниот митинг во Вилмингтон, Северна Каролина поради претстојната бура, ветувајќи ѝ на толпата дека ќе се врати наскоро.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп ѝ порача на толпата веднаш да си замине од безбедносни причини бидејќи молњи блескале на локацијата на митингот.

„Крајно ми е жал што ова мораше да се случи, но сакаме сите да се безбедни“, им рече Трамп на насобраните на митингот од кои многумина чекале од рано утрото во државата која ќе биде една од сцените на претседателската битка.

Трамп се јави од својот приватен авион околу половина час пред митингот.

Настанот требаше да се одржи по првата недела од кривичното судење во Њујорк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ