сабота, 27 јули 2024

Трамп: Орбан е фантастичен лидер

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го нарече унгарскиот премиер Виктор Орбан „фанатичен лидер“, откако го угости во неговата резиденција во Мар-а-Лаго во американската сојузна држава Флорида.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Нема подобар, попаметен и подобар лидер од Виктор Орбан. Тој е фантастичен“, им рекол Трамп на насобраните на концерт во одморалиште во Флорида.

Серија видеа од настанот беа објавени на Инстаграм профилот на Орбан, објави Си-ен-ен.

Трамп додаде дека премиерот на Унгарија е „неконтроверзна личност“.

„Така ќе биде, и тоа е целата поента, зарем не? Тој е вистински шеф и … голем лидер, фантастичен. Во Европа, во светот, го почитуваат. Чест е да му бидеме домаќини, ќе останеме во контакт“, изјави Трамп.

Орбан порано изјави дека Трамп е „претседател на мирот“, бидејќи, како што рече, додека бил на функција, мирот владеел и на Блискиот Исток и во Украина.

Унгарскиот премиер во видеото објавено од агенцијата МТИ вели дека немаше да има војна во светот во моментов доколку Трамп сѐ уште беше претседател на САД.

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја осуди средбата меѓу Трамп и Орбан, наведувајќи дека соговорникот на Трамп, како што наведе, „отворено изјавил дека верува оти демократијата не функционира“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ