сабота, 27 јули 2024

Трамп: Она што се случува со Израел може да заврши со светска војна

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат за овогодинешните избори, Доналд Трамп изјави дека „она што се случува со Израел може да заврши со светска војна“, пишува Ерусалим пост.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Имаме нешто помалку од седум месеци до претседателските избори на 5 ноември, но тоа е вечност кога луѓето се неспособни“, изјави Доналд Трамп.

На прес-конференција во Палм Бич, Флорида, поранешниот претседател Доналд Трамп сугерираше дека израелската војна против Хамас во Појасот Газа може да ескалира во светска војна, потоа продолжи да го критикува претседателот Џозеф Бајден, велејќи дека „тој не знае што прави“, пренесува Ерусалим пост.

Според него, и конфликтот меѓу Русија и Украина може да предизвика светска војна, нагласувајќи дека војна меѓу двете земји никогаш немаше да се случи доколку тој беше претседател.

Коментирајќи ја „рекордната инфлација“ во Америка, Трамп рече дека Соединетите држави се „нација во пад“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ