сабота, 27 јули 2024

Трамп од Врховниот суд бара имунитет од кривичен прогон

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп поднесе барање до Врховниот суд на Соединетите Американски Држави за имунитет од кривичен прогон поради обидот за поништување на изборниот пораз во 2020 година, а случајот би требало да се најде пред судиите следниот месец.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп се жали на одлука на понизок суд кој одбил да го заштити од кривичната постапка која ја води специјалниот обвинител Џек Смит бидејќи сè уште бил претседател кога преземал дејства со цел поништување на изборната победа на Џо Бајден.

Барањето изнесува аргументи слични на тие кои адвокатите на Трамп ги поднесоа претходно обидувајќи се да го заштитат од кривичен прогон и ги повторува изјавите на Трамп од предизборната кампања.

„Претседателот не може да функционира, а самото претседателство не може да ја задржи својата независност ако претседателот се соочи со кривичен прогон за своите службени дејства откако ќе ја напушти должноста“, се наведува.

Трамп, првиот поранешен американски претседател кој се соочува со кривичен прогон, е републикански кандидат на претседателските избори на 5 ноември на кој ќе се соочи со кандидатот на демократите Бајден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ