вторник, 4 март 2025

Трамп објави кратка порака: Утрешната вечер ќе биде голема

Трамп рече и дека тој е „единствениот претседател што не ѝ дал ни педа од украинската земја на Путиновата Русија“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп, без дополнително објаснување, најави дека „нешто големо“ ќе се случи ноќта меѓу вторник и среда.

„Утрешната вечер ќе биде голема. Ќе ви кажам како што е“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут сошл.

Тој претходно напиша дека е „единствениот претседател што не ѝ дал ни педа од украинската земја на Путиновата Русија“.

„Единствениот претседател што не ѝ дал ни педа од Украина на Путиновата Русија е претседателот Доналд Џ. Трамп“, напиша тој за самиот себе. „Запомнете го ова кога слабите и неефикасни демократи ќе критикуваат, а лажните вести со задоволство ќе објавуваат што и да кажат тие!“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ