сабота, 21 декември 2024

Трамп: Ненадејната смрт на Навални ме освести за тоа што се случува

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска објави дека смртта на Алексеј Навални „го освестила“ за тоа што се случува во САД, но никому директно не ја препиша одговорноста за смртта на рускиот опозиционер.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ненадејната смрт на Алексеј Навални ме освести за тоа што се случува во нашата земја. Тоа е бавен, постојан напредок, со корумпирани, радикално-левичарски политичари, обвинители и судии кои нè водат по патот на уништувањето“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл.

Тој оцени дека отворените граници, „лажните“ избори и „крајно неправедните одлуки“ на судството ги „уништуваат“ САД.

„Ние сме нација во пад, нација која пропаѓа“, напиша Трамп и го додаде акронимот МАГА2024, што е скратеница на неговото политичко мото „Да ја направиме Америка повторно голема“ (Make America Great Again).

И покрај тоа што американскиот претседател Џозеф Бајден и други поранешни претседатели, како и највисоки членови на американскиот Конгрес, директно го обвинија рускиот претседател Владимир Путин за смртта на Навални во затвор во северна Русија, Трамп не го стори тоа.

Додека беше претседател, Трамп, според Ројтерс, изразуваше воодушевување од Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ