среда, 8 јануари 2025

Трамп: Не исклучувам испраќање војска да ги заземе Гренланд и Панамскиот канал (ВИДЕО)

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп се обрати денес од својата резиденција во Мар-а-Лаго на Флорида и одговараше на новинарски прашања.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Може да му дадете гаранција на светот дека за време на обидот за преземање контрола над тие подрачја нема да употребите економска или воена сила?“, го праша новинар.

„Не“, кратко одговори Трамп. Неговата неочекувана изјава доаѓа две недели пред повторно да влезе во Белата куќа на 20 јануари.

„Можете ли да ни кажете нешто повеќе за тоа кој е вашиот план? Ќе преговарате ли за нов договор? Ќе ги прашате ли Канаѓаните да одржат референдум? Која е стратегијата?, продолжи новинарот.

„Не можам да ви гарантирам. Зборувате за Панама и Гренланд. Не можам да ви гарантирам за нив. Но можам да кажам дека ни требаат за економската безбедност. Панамскиот канал беше изграден за војската“, истакна Трамп.

„Нема да се обврзам на тоа“, повтори идниот американски претседател, на прашањето дали ќе исклучи користење на војската. „Можеби ќе мораме нешто да преземеме. Панамскиот канал е витален за нашата земја. Со него управува Кина. Ѝ го дадовме Панамскиот канал на Панама, не ѝ го дадовме на Кина“, оцени Трамп.

Панамскиот канал е пловен пат кој ги поврзува Атлантскиот и Тихиот Океан, а го изградија Соединетите Американски Држави на почетокот на 20 век. Каналот ѝ беше предаден на Панама во 1999 според договор од 1977 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ