сабота, 27 јули 2024

Трамп: Не би било соодветно да ја посетам Украина сега, кога не сум на функција

По поканата упатена до Доналд Трамп од претседателот на Украина Володимир Зеленски, републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека сега, кога не е на функција, не би било соодветно да ја посети Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за медиумската куќа Аксел Спрингер, Зеленски во вторникот го покани Трамп да ја посети Украина, наведувајќи дека тоа ќе биде можност да се слушнат идеите на поранешниот американски претседател за можниот начин да се стави крај на војната со Русија, пренесува Ројтерс.

Кампањата на Трамп денеска потврди дека немало формален контакт меѓу Зеленски и поранешниот американски претседател.

„Немаше никаков контакт со Зеленски, но претседателот Трамп јавно кажа дека не би било соодветно тој да ја посети Украина сега кога тој не е врховен командант на американската војска“, се вели во е-поштата од кампањата на Трамп.

Кандидатите за претседател на САД често патуваат во странство за да ја постават сцената за својата надворешна политика.

Поранешните републикански кандидати кои во меѓувреме се откажаа од својата кандидатура, како на пример поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс и поранешниот гувернер на Њу Џерси Крис Кристи ја посетија Украина за време на својата активна кампања за републиканска претседателска номинација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ