среда, 15 јануари 2025

Трамп: Наскоро ќе се сретнам со Путин

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин „многу брзо“ откако ќе ја преземе функцијата следната недела.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Тој не даде точна временска рамка за средбата, која ќе биде прва средба меѓу лидерите на двете земји од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година.

„Па, има само една стратегија и тоа зависи од Путин. Не можам да замислам дека е премногу воодушевен од начинот на кој сето тоа помина бидејќи и нему не му одеше толку добро. Знам дека сака средба и ќе се сретнам со него наскоро. Ќе го направев тоа порано, но… прво треба да ја преземеш функцијата. За некои работи, мора да бидете таму“, изјави Трамп за Њузмакс како одговор на прашањето за неговата стратегија за завршување на војната.

Американскиот конгресмен Мајк Волц, идниот советник за национална безбедност, во неделата изјави дека очекува телефонски разговор меѓу Трамп и Путин „во наредните денови и недели“.

Руската инвазија на Украина однесе десетици илјади животи, раселени милиони луѓе и го предизвика најголемиот јаз меѓу Москва и Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ