среда, 23 октомври 2024

Трамп: Намерно ги мешам имињата

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека кога тој ги меша имињата, тоа го прави намерно.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Имено, за време на говорот што го одржа минатиот месец, Трамп ја помеша Ники Хејли, ривалката за републиканската претседателска номинација, со поранешната демократска претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.

Тој исто така посочи дека поранешниот претседател Барак Обама сè уште е на функција. „Кога намерно ги сменив имињата, ми рекоа дека не ја разликувам Пелоси од Ники. Јас сум одличен говорник. Што се однесува до функцијата на Обама, тоа беше сарказам, а не гаф“, рече Трамп вчера на собир во Јужна Каролина.

Откако минатонеделниот извештај покажа дека американскиот претседател Џо Бајден (81) може да има проблеми со меморијата, прашањето за возраста и менталниот капацитет е ставено на прво место во предизборната кампања во САД, пишува Ројтерс.

Хејли (52) повика сите претседателски кандидати на возраст над 75 години, меѓу кои се и Бајден и Трамп, да бидат тестирани за ментална способност. Според анкетата на Ројтерс/Ипсос оваа недела, околу 78 отсто од испитаниците, вклучително и 71 отсто од демократите, сметаат дека Бајден е премногу стар за работа во владата. За Трамп така мислат 53 отсто од испитаниците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ