Опишувајќи хи хутите како „злосторнички мафијаши и насилници“, Трамп предупреди дека секој напад на оваа организација ќе добие одговор во форма на „голема сила“ и дека „нема гаранции дека таа сила ќе сопре на тоа“.
„Иран глумеше „невина жртва“ на одметнатите терористи над кои ја изгуби контролата, но тој не ја изгубил контролата. Тој го диктира секој нивен потег, ги снабдува со оружје, им дава пари и високо софистицирана воена опрема, па дури и таканаречени разузнавачки податоци“, напиша американскиот претседател.
Порака на Трамп на социјалната мрежа Трут соушал претставува ескалација во воената кампања на неговата администрација против хутите која само оваа недела со воздушни напади уби најмалку 53 лица, и која најверојатно ќе продолжи.
Не е јасно што го испровоцирало постот на Трамп.
За време на викендот, првиот човек на иранската Револуционерна гарда настојуваше јасно да го одвои она што го прават хутите од она што го прави техеран.
Хутите со проектили го нападнаа американскиот носач на авиони Хари Труман, но наводно не предизвикале никаква штета.
Во меѓувреме, Иран и понатаму размислува како да одговори на писмото на Трамп испратено до иранскиот политички врв со намера брзо да почнат преговори околу напреднатата нуклеарна програма на Техеран.
Поддржувачите на хутите се собраа денес во неколку града во Јемен по американските напади, ветувајќи одмазда кон САД и Израел поради блокирањето на хуманитарната помош за Газа, по прекинот на воените дејства на Израел на палестинската територија.