„Тој знае што прави, а јас го охрабрив тоа побрзо да го заврши. Мора да се заврши, мора да победат и да завршат со тоа. Убивањето мора да престане“, кажа Трамп, а пренесува Ројтерс.
Трамп ги нарече пропалестинските демонстранти во САД „силеџии кои го поддржуваат Хамас“ и „симпатизери на џихадот“, и додаде дека, ако биде избран, ќе ги уапси и депортира.
„Ќе му ја дадам на Израел поддршката која му е потребна да победи, но сакам да победи брзо“, кажа Трамп.
Зборувајќи за американската потпретседателка и кандидатка на Демократската партија на изборите Камала Харис, тој наведе дека „маневрирала за да добие поддршка од отровните антисемити во својата партија“.
„Од почетокот Харис работи на тоа на Израел да му се врзат рацете зад грб, барајќи моментален прекин на огнот, што само би му дало време на Хамас да се прегрупира и да почне нов напад како оној на 7 октомври“, оцени Трамп.