петок, 27 декември 2024

Трамп му даде клучна фотелја во владата на Илон Маск

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска ги назначи Илон Маск и Вивек Рамасвами заедно да го водат новосоздадениот Оддел за ефикасност на владата, давајќи му уште поголемо влијание на најбогатиот човек во светот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Маск и поранешниот републикански претседателски кандидат Вивек Рамасвами заедно ќе го водат новосоздадениот Оддел за ефикасност на владата. „Тој ќе го отвори патот за мојата администрација да ја разбие владината бирократија, да ги намали непотребните регулативи, да ги намали неразумните трошоци и да ги преструктуира федералните агенции“, рече Трамп.

Трамп рече дека новиот оддел ќе ги исполни долгогодишните републикански соништа и ќе „обезбеди совети и насоки надвор од владата“, сигнализирајќи дека улогите на Маск и Рамасвами ќе бидат неформални, без да се бара одобрување од Сенатот, што ќе му овозможи на Маск да остане на чело на компанијата за електрични автомобили Тесла, медиумската платформа Икс и ракетната компанија Спејсекс.

Новиот оддел ќе работи со Белата куќа и Канцеларијата за менаџмент и буџет за да „иницира големи структурни реформи и да создаде претприемачки пристап“ на владата каков што досега не бил виден, рече Трамп.

Маск, рангиран од Форбс како најбогатиот човек на светот, веќе има корист од победата на Трамп, а од претприемачот милијардер се очекуваше да има извонредно влијание за да им помогне на своите компании и да обезбеди поволен третман од владата.

Трамп го спореди барањето за ефикасност со проектот Менхетен, американските напори за изградба на атомска бомба што помогна да се стави крај на Втората светска војна, додека Маск вети транспарентност. „Сите активности на Одделот за ефикасност на владата ќе бидат објавени на интернет за максимална транспарентност“, рече Маск на Икс, повикувајќи ја јавноста да ги советува.

Акронимот на новиот оддел Доџ се однесува и на името на криптовалутата Доџкоин што Маск ја промовира. Во август, федерална тужба беше отфрлена против Маск и Тесла за измама на инвеститори преку рекламирање на Доџкоин и трговија со привилегирани информации, предизвикувајќи загуби од милијарди долари.

Рамасвами е основач на фармацевтска компанија кој се кандидираше за републиканската претседателска номинација против Трамп, а потоа откако се откажа го поддржа поранешниот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ