петок, 18 октомври 2024

Трамп: Мораме да спречиме изборите да бидат украдени како во 2020

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја поздрави одлуката на Врховниот суд на Мичиген кој го отфрли обидот за негова дисквалификација од претседателските избори.

Објавено на

часот

Сподели

Тој додаде дека мора да се спречи изборите во 2024 година да бидат „наместени и украдени“.

„Врховниот суд на Мичиген силно и со право го отфрли обидот на очајните демократи да го тргнат водечкиот кандидат на претседателските избори во 2024 од гласачкото ливче во сојузната држава Мичиген“, порача Трамп.

Додаде дека „овој патетичен обид за местење на изборите пропадна низ земјата, вклучувајќи ги државите кои историски тежнеат кон демократите“.

Според него, одлуката на Врховниот суд на Колорадо, кој пресуди Трамп да биде отстранет од гласачкото ливче во таа сојузна држава, „ја исмеваат низ целиот свет“.

„Мораме да спречиме изборите во 2024 година да бидат наместени и украдени како изборите во 2020 година. Погледнете го само целосниот хаос кој го имаме како резултат на власта на расипаниот Џо Бајден кој насилно уништува сè што ќе види -од нашата некогаш голема економија до нашиот некога чесен правосуден систем“, наведе Трамп.

Тој истакна дека Американците мора да ја зачуваат својата земја од „пропаѓањето и радикалната левица“.

Врховниот суд на Мичиген го отфрли претходно обидот за отстранување на поранешниот претседател на САД од гласачките ливчиња на претседателските избори во 2024 година, што е во спротивност со пресудата на Врховниот суд на Колорадо во која Трамп е дисквалификуван од претседателските избори во таа сојузна држава поради неговата наводна улога во немирите на Капитол на 6 јануари 2021.

Трамп е првиот претседателски кандидат во американската историја кој е прогласен за неподобен за функцијата претседател, според ретко користената одредба на 14 амандман на американскиот устав, со која на функционери кои учествувале во „бунт“ им се забранува да вршат јавна функција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ