сабота, 22 март 2025

Трамп: Многу брзо очекувам целосно примирје во Украина, а потоа поделба на териториите

Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека очекува целосен прекин на огнот во Украина да биде договорен „многу брзо“. Зборувајќи денес пред новинарите во Овалната канцеларија во Белата куќа, Трамп кажа дека по примирјето ќе следува договор за поделба на украинската територија меѓу Москва и Киев.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во моментов се водат преговори за договор, конкретно за поделба на териториите. Се преговара токму сега, додека ние разговараме тука“, кажа Трамп, кој минатата недела разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

На прашањето на новинарите дали Соединетите Американски Држави ќе ѝ воведат санкции на Русија поради продолжувањето на нападите на Украина, Трамп одговори: „Па тие меѓусебно се борат“.

Преговорите за примирје кои ги предводат САД и претседателот Трамп се интензивираа во последните недели, со обиди за дефинирање на јасни територијални граници кои би ги задоволиле двете страни. Сепак, тие преговори предизвикаа значителни контроверзии бидејќи се отстапување од досегашната американска политика на целосна поддршка на украинскиот територијален интегритет.

Администрацијата на Трамп е соочена со голем притисок од западните земји поради можноста за територијални отстапки на Русија. Киев инсистира на целосно враќање на териториите анектирани од Русија, додека Кремљ смета дека постоечките предлози не се доволни.

Асошиејтед прес јавува дека Европската Унија, иако ги поздравува напорите за прекин на конфликтите, изразува загриженост поради можниот преседан кој би можела да го создаде евентуалната поделба на Украина, истакнувајќи ја потребата за зачувување на територијалниот интегритет на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ