недела, 27 октомври 2024

Трамп: Мислам дека ќе биде полесно да се победи Харис отколку Бајден

Кандидатот на Републиканската партија за претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска изјави дека смета оти на изборите во ноември ќе биде полесно да се победи потпретседателката на САД Камала Харис отколку претседателот Џозеф Бајден, пренесува агенцијата Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп ова го кажа за Си-ен-ен.

Ројтерс пренесува дека новинарот на Си-ен-ен на социјалната мрежа Икс рекол дека Трамп ги дал коментарите на мрежата веднаш откако Бајден ја објавил својата одлука да се повлече од трката за уште еден претседателски мандат.

Бајден денеска објави дека се повлекува, а набргу потоа ја поддржа Харис да го замени во претседателската трка.

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември.

Трамп, исто така, на својата платформа Трут соушл денеска рече дека Бајден „не беше способен да се кандидира за претседател, и сигурно не е способен да служи“, пренесува Ројтерс.

Други важни републиканци, вклучувајќи го и претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, исто така рекоа дека Бајден не е способен да ја извршува функцијата претседател и да го доврши својот мандат доколку се повлече како демократски претседателски кандидат.

Џонсон директно го повика Бајден да поднесе оставка.

Трамп, во објава на Трут соушл, рече: „Многу ќе страдаме поради неговото (Бајденовото) претседателствување, но многу брзо ќе ја поправиме штетата што тој ја направи“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ