вторник, 22 октомври 2024

Трамп: Маск е брилијантен, спремен сум да му дадам работа. Маск: Сакам да служам

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп му понудил на американскиот мултимилијардер работа во својата влада ако победи на претседателските избори во ноември.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Републиканскиот претседателски кандидат потврдно одговорил кога за време на интервју за Ројтерс го прашале дали е спремен да го именува Маск на некоја советничка позиција или да му даде место во кабинетот.

„Тој е многу паметен лик. Сигурно би му дал работа, ако тој тоа го прифати. Тој е брилијантен тип“, кажа Трамп, а пренесува Политико.

Неколку часа подоцна Маск на социјалните мрежи објави фотографија генерирана од вештачка интелигенција на која стои на подиум пред американски знамиња со порака „Сакам да служам“.

Маск, кој во последно време промовира сè поконзервативни ставови, официјално го поддржа Трамп минатиот месец и го интервјуираше на својата социјална мрежа Икс минатата недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ