сабота, 27 јули 2024

Трамп: Лично би го предупредил Путин за терористичкиот напад

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп кажа дека лично би го предупредил рускиот претседател Владимир Путин за терористичкиот напад на Крокус сити хол доколку тој во тој момент бил претседател на Соединетите Американски Држави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп тоа го кажа во интервју за американскиот конзервативен политички аналитичар Хју Хјуит.

Навестувајќи дека Вашингтон „знаел дека ќе се случи нападот во Москва“, Хјуит го праша Трамп дали лично би му се јавил на Путин да го предупреди, бидејќи изразил сомнеж дека актуелниот претседател Џо Бајден го направил тоа.

„Јас би му се јавил. Јас би го информирал за тоа“, одговорил Трамп.

Во терористичкиот напад на 22 март беа убиени најмалку 144 лица, од кои шест деца, а над 500 луѓе беа повредени. Тоа беше најсмртоносниот терористички напад на руско тло од раните 2000-ти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ