Трамп во разговорот за Волстрит џурнал кажал дека го предупредил Путин дека „ако тргне на Украина, ќе го нападне. „Владимир, ако тргнеш на Украина ќе те удрам толку силно што не можеш ни да замислиш. Ќе удрам во самиот центар на проклета Москва“, му кажал Трамп на новинарот на американскиот весник за разговорот со Путин.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кажа дека Русија ќе заземе разумен став и дека нема да открие содржина на разговор на високо ниво. „За жал, голем број светски државници не се придружуваат до тој принцип и не се грижат за информациската хигиена. Тоа е на нивна совест“, кажа Песков.
Тој додаде дека „во Соединетите Американски Држави, во екот на претседателската кампања, може да се слушнат многу вжештени и многу емоционални изјави, особено во последната фаза на кампањата“ за новиот шеф на Белата куќа.