сабота, 19 октомври 2024

Трамп кажа дека ќе стави вето на федералниот закон за забрана на абортусот ако повторно биде избран

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе стави вето на федералниот закон за забрана на абортусот ако повторно биде избран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сите знаат дека под никои околности не би ја поддржал федералната забрана на абортусот и би ставил вето на тој закон, бидејќи државите треба да одлучат за тоа врз основа на волјата на народот“, порача Трамп на својата платформа Трут соушал.

„Како и Роналд Реган пред мене, целосно поддржувам три исклучоци – кога станува збор за силување, инцест и кога е загрозен животот на мајката“, додаде тој.

Трамп повеќе пати кажа дека не би потпишал федерална забрана на абортусот, но за време на минатомесечната дебата со потпретседателката на САД Камала Харис не одговори прецизно дали би се обврзал на тоа.

Прашањето на абортусот е едно од клучните во кампањата за претседателските избори во САД и се смета дека Харис токму на таа тема стекнала јасна предност во однос на Трамп кога станува збор за поддршката од жените.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ