петок, 24 јануари 2025

Трамп: Јас веднаш би се сретнал со Путин

„Од она што го слушам, Путин би сакал да ме види и ние би заминале што е можно поскоро. Јас веднаш би се сретнал“, рече денеска американскиот претседател, пренесе Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин што е можно побрзо за да преговара за крај на украинскиот конфликт.

„Навистина би сакал наскоро да можам да се сретнам со претседателот Путин за да заврши таа војна“, изјави Трамп преку видеоврска на Светскиот економски форум во Давос.

„И тоа не од гледна точка на економијата или нешто друго. Од гледна точка залудното трошење милиони животи… Тоа е масакр. И навистина би требале да ја прекинеме таа војна.“

Трамп, кој ја презеде функцијата во понеделникот, постојано ветуваше дека брзо ќе испреговара решение меѓу Русија и Украина и рече дека е отворен за разговор со Путин.

„Од она што го слушам, Путин би сакал да ме види и ние ќе заминеме што е можно поскоро. Јас веднаш би се сретнал“, им рече Трамп подоцна денес на новинарите во Белата куќа. „Секој ден во кој ние не се среќаваме гинат војници на бојното поле“.

Трамп додаде дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му рекол дека е спремен да направи договор за ставање крај на војната.

Трамп им рече на учесниците во Давос дека сега се во тек напорите на САД за обезбедување мировно решение, но не даде детали.

Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ