сабота, 27 јули 2024

Трамп ја обжали одлуката на судијата: „Ментално е нарушен и треба да се изземе“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска ја обжали одлуката на судијата да не ја отфрли тужбата на обвинителката на државата Њујорк Летиција Џејмс против Трамп и неговото семејство за измама, два дена по почетокот на судењето.

Објавено на

часот

Сподели

Жалбата беше поднесена додека Трамп седеше во судницата на Менхетн, гледајќи сметководителот што работел за него сведочи како прв сведок на обвинителството.

Демократската јавна обвинителка бара парични казни од најмалку 250 милиони долари, трајна забрана против Трамп и неговите синови, Доналд Џуниор и Ерик да водат бизнис во Њујорк и петгодишна забрана за комерцијални недвижности за Трамп и неговите компании.

Таа рече дека „шокантната измама“ имала цел да му помогне на Трамп да добие поволни услови од банките и осигурителите. На 26 септември судијата Артур Енгорон рече дека има убедливи докази дека Трамп го пумпал своето богатство преценувајќи го својот имот во Мар-а-Лаго, својот луксузен стан во кулата Трамп и разни деловни згради и терени за голф.

Енгорон, исто така, нареди да се поништат сертификатите што им дозволуваа на некои компании на Трамп, вклучувајќи ја и организацијата Трамп, да работат во Њујорк.

Жалбата на Трамп се однесува на главните заклучоци на Енгорон. Во понеделникот, поранешниот претседател го нарече судијата „ментално нарушен“ и предложи тој да биде изземен.

Тој исто така нагласи дека Џејмс својот случај го засновала на лажни бројки, како дел од демократскиот лов на вештерки против него.

Жалбениот процес би можел да се продолжи и по судењето, кое би можело да трае до декември

Трамп, републиканец, е фаворит за претседателска номинација на неговата партија во 2024 година.

Енгорон ќе разгледа и други тврдења, вклучително и фалсификување деловна документација и осигурителни измами и заговори, како и дали 250 милиони долари се соодветна казна.

Џејмс сака на Трамп и на неговите возрасни синови трајно да им биде забрането да работат во Њујорк.

Трамп, кој се изјасни за невин, се соочува со вкупно четири кривични обвиненија. Покрај горенаведеното, другите три се однесуваат на неговите напори да остане на власт по изборите во 2020 година, начинот на кој постапувал со доверливи документи и тајните плаќања на порноѕвезди.

Случаите политички го зајакнаа Трамп, а својата кампања ја користи за да се прикаже како маченик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ