„Вложивме речиси 300 милијарди долари во Украина, а во исто време тие (владата на претседателот на САД Џо Бајден) им нудат на луѓето по 750 долари за итни потреби по најсилниот ураган кој некогаш сме го имале“, кажа поранешниот американски претседател за Фокс њуз.
Освен тоа, Трамп изрази незадоволство од начинот на кој властите се носат со последиците од природните катастрофи во некои држави, особено во Северна Каролина.
„Во Северна Каролина нема луѓе кои би помогнале. Ситуацијата е ужасна. Бев таму цел ден и сè видов. Еден човек седеше на камен бидејќи ништо повеќе не му остана“, истакна Трамп.
Тој, зборувајќи на настан по повод годишнината од упадот на Хамас во Израел, кажа дека изборите во САД, односно неговиот реизбор или пораз во ноември, ќе биде „најважниот ден во историјата на Израел“.
„Победа на Камала Харис е егзистенцијална закана за Израел. Ако ние не победиме на овие избори, тоа ќе има огромни последици за сите. Нападот на 7 октомври никогаш немаше да се случи ако јас бев претседател. Изминатите две години покажаа дека слабоста само раѓа насилство и војна“, оцени Трамп.