петок, 10 јануари 2025

Трамп изјави дека се подготвува средба со Путин

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп кажа дека се подготвува негова средба со претседателот на Русија Владимир Путин за да се стави крај на конфликтот во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тој сака да се сретнеме и во тек се подготовките“, кажа Трамп синоќа пред состанокот со републиканските гувернери во својата резиденција Мар-а-Лаго на Флорида.

„Претседателот Путин сака да се сретнеме, дури тоа јавно го кажа и треба да завршиме со таа војна“, кажа Трамп. Не изнесе временска рамка за таа средба.

Путин на својата конференција за новинари на 19 декември минатата година кажа дека е спремен да се сретне со Трамп „во кој било момент“.

Руската новинска агенција ТАСС ја пренесе вчера изјавата на портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков дека САД сè уште официјално не побарале состанок.

Трамп вети дека ќе преговара за завршување на војната во Украина веднаш штом ја преземе должноста на 20 јануари и изрази скепса кон американската воена и финансиска поддршка на Киев.

Европејците и особено Украинците стравуваат дека тој може да го примора на Киев на големи отстапки и признавање на геополитичката победа на Кремљ.

За време на претседателството на Џо Бајден САД беа главни поддржувачи на Киев од почетокот на конфликтот во февруари 2022 година, пружајќи му воена помош од повеќе од 65 милијарди долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ