петок, 27 декември 2024

Трамп: Илегалните мигранти се животни (ВИДЕО)

Доналд Трамп денеска на предизборен митинг во Мичиген ги нарече илегалните мигранти во САД „животни и нелуѓе“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Републиканскиот претседателски кандидат наведе неколку злосторства извршени од илегални имигранти и предупреди дека Америка ќе биде зафатена од насилство и хаос доколку не биде избран за претседател на 5 ноември.

Зборувајќи за Лејкен Рајли, 22-годишна студентка од Џорџија, за чие убиство е осомничен мигрант од Венецуела, Трамп рече дека некои мигранти не се луѓе. „Демократите велат: Не ги нарекувајте животни, и тие се луѓе. А јас велам: Не, тие не се луѓе, тие се животни“, рече Трамп.

Тој ги повтори тврдењата дека мигрантите, кои илегално ја минуваат границата со Мексико, избегале од затвори и ментални установи и дека тие се одговорни за зголемувањето на криминалот во САД.

Трамп одржа говор со наслов „Бајденовото гранично крвопролевање“ во градот Гранд Рапидс, чија полиција објави дека 25-годишната Руби Гарсија минатиот месец била убиена од Брендон Ортиз-Вајт (25), кој илегално живее во Америка.

Триесет и осум отсто од републиканците и еден од пет независни гласачи веруваат дека имиграцијата е главниот проблем во земјата, според анкетата на Ројтерс/Ипсос на крајот на февруари. Трамп често тврди дека мигрантите се виновни за порастот на насилството во американските градови. Денеска тој го повтори тврдењето дека земјите во Латинска Америка намерно ги испраќаат своите криминалци во САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ