среда, 23 октомври 2024

Трамп и Харис прифатија соочување на 10 септември

Камала Харис и Доналд Трамп, кандидатите на демократите и републиканците на американските претседателски избори, ќе одржат телевизиска дебата на 10 септември на телевизијата Еј-би-си, потврди таа телевизија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Потпретседателката Харис и поранешниот претседател Трамп двајцата потврдија дека ќе учествуваат во дебатата на Еј-би-си“, се наведува.

Трамп претходно, на конференција за новинари на Флорида, предложи да се одржат три дебати со Харис во текот на септември.

На тој датум беше закажана втората дебата на Трамп со актуелниот претседател на САД Џо Бајден, кој се повлече од трката за втор мандат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ