сабота, 27 јули 2024

Трамп и Бајден победија во Мичиген

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп победи, во согласност со предвидувањата, на републиканските претседателски прелиминарни избори во државата Мичиген, а американскиот претседател Џо Бајден, кој од почетокот на прелиминарните избори во САД немаше конкуренција исто така победи на демократските прелиминарни избори во таа држава.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ривалката на Трамп Ники Хејли доживеа пораз со голема разлика во бројот на гласови. Ова беше уште еден дуел меѓу Трамп и Хејли за републиканската номинација за претседателските избори во ноември. Претседателскиот кандидат во САД, прво мора да победи на внатрепартиските прелиминарни избори.

Потоа кандидатите официјално се избираат на партиски конвенции во лето. Конвенцијата за номинација на републиканците се одржува во средината на јули. Хејли веќе загуби од Трамп на прелиминарните избори во Ајова, Њу Хемпшир и Јужна Каролина. Педесет и двегодишната жена политички и реторички се смета за нешто поумерена од ривалот.

Трамп (77) има силна поддршка во партиската база. Американскиот претседател Џо Бајден очекувано победи на прелиминарните избори на Демократската партија во Мичиген, но протестното гласање на демократите лути поради поддршката на Бајден за израелската војна против Хамас во Газа ги надмина очекувањата на организаторите.

Во Мичиген, дом на голема арапско-американска заедница, демократските гласачи беа повикани да ги означат гласачките ливчиња како „неопределени“ во знак на протест против политиката на Бајден за Газа. Со преброени речиси половина од гласовите на демократите, бројот на „неопределени“ гласачки ливчиња изнесувал повеќе од 58.000, според Едисон Рисрч, што е далеку над целта од 10.000 поставена од организаторите.

Нецелосните резултати од гласањето покажаа солидна предност за Бајден и Трамп. Со пребројани речиси половина од гласовите на демократите, Бајден има 80 отсто поддршка, додека „неопределените“ добија 13 отсто. Со пребројани 58 отсто од гласовите на републиканците, Трамп има 67 отсто поддршка, додека Хејли има 27 отсто, според Едисон Рисрч.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ