вторник, 22 октомври 2024

Трамп: Харис е „радикална“ и „луда жена“

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави во саботата на собир во Пенсилванија, клучна држава за изборите, дека верува оти демократката Камала Харис ќе биде полесно да се победи од Џо Бајден, иако некои анкети покажуваат дека таа води во претседателската „трка“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп на собирот во Вилкс-Баре, североисточна Пенсилванија рече: „Верувам дека ќе биде полесно да ја победам неа отколку него“, нарекувајќи ја Харис „радикална“ и „луда жена“, напаѓајќи ја и лично и политички, иако некои политички аналитичари велат дали таквите коментари би можеле да им наштетат на умерените гласачи.

„Дали ја слушнавте како се смее? Тоа е смеа на луда личност“, рече Трамп, додавајќи дека не е задоволен од илустрацијата на Харис на насловната страница на најновото издание на магазинот „Тајм“, додавајќи: „Изгледам многу подобро од неа.”

Во говорот на собир во Пенсилванија, која се наметнува како една од најважните во претседателската трка, Трамп го повтори своето лажно тврдење дека ги загубил изборите во 2020 година поради измама, ја отфрли заканата од климатските промени и тврдеше дека неговиот план за воведување сеопфатни царини за странски стоки нема да делува како данок за американските потрошувачи, што повеќето економисти го оспоруваат.

На собирот салата на почетокот беше полна со околу 8.000 луѓе, но по еден час бројката се разреди, а Трамп зборуваше вкупно повеќе од 100 минути.

Потпретседателката Харис најави автобуска турнеја во западна Пенсилванија која започнува во Питсбург во недела, пред почетокот на Националната конвенција на демократската партија во понеделник во Чикаго.

Пенсилванија беше една од трите држави, заедно со Висконсин и Мичиген, кои му помогнаа на Трамп да победи во 2016 година, но Бајден, кој порасна во Скрентон, Пенсилванија, во 2020 година им ја врати „тројката“ на демократите.

Со 19 електорски гласови од 270 потребни за обезбедување на Белата куќа, во споредба со 15 во Мичиген и 10 во Висконсин, Пенсилванија потенцијално би можела да ја сврти „вагата“ за двајцата кандидати на претседателските избори.

Влегувањето на Харис во трката по откажувањето на Бајден доведе до пресврт во натпреварот, бришејќи го водството што Трамп го стекна во последните недели од Бајденовата кампања и сега Харис води пред Трамп со повеќе од два процентни поени во Пенсилванија, според веб-страницата за следење анкети Фајв-трти-ејт.

Важноста на државата се препознава и во двете кампањи во кои таа беше приоритетна, така што од повеќе од 110 милиони долари потрошени за рекламирање во седум држави откако Бајден се откажа кон крајот на јули, приближно 42 милиони долари беа само во Пенсилванија, што е и повеќе од двојно отколку во која било друга држава, објави во петокот Волстрит џурнал, цитирајќи податоци од страницата за следење Адимпакт.

Демократските и републиканските групи веќе резервираа 114 милиони долари во рекламни пораки во Пенсилванија од крајот на август до изборите, повторно двојно повеќе од резервираните 55 милиони долари во Аризона, следната највисока сума, според Адимпакт.

Кампањата на Харис во саботата соопшти дека планира да потроши најмалку 370 милиони долари за дигитални и телевизиски реклами низ целата земја од септември до денот на изборите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ