сабота, 27 јули 2024

Трамп го предизвика Бајден на дебати „каде било, кога било“, од кампањата на Бајден порачаа дека Трамп е „жеден за внимание“

Доналд Трамп го предизвика претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден на телевизиски дебати, додека тие двајца како ривали одат кон реванш во натпреварот за шеф на Белата куќа по гласањето во Супер вторникот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бајден и Трамп остварија очекувани победи на партиските избори во Супер вторникот, така што е извесно дека ќе бидат ривали во траката за претседател на САД на изборите во ноември оваа година. Тие беа ривали и на изборите во 2020 година кога победи Бајден, а тогаш актуелниот претседател Трамп ги оспори резултатите.

Републиканецот Трамп порача на интернет дека ќе учествува на телевизиски форум со Бајден, кандидатот на Демократската партија, „кога било, каде било, на кое било место“.

Од кампањата на Бајден соопштија дека Трамп е „жеден за внимание и дека се бори да ја прошири својата привлечност“.

До сега не е договорена ниедна дебата пред изборите кои се одржуваат во ноември.

Предизвикот на Трамп следеше неколку часа откако неговата последна републиканска ривалка, Ники Хејли, се откажа од трката за републиканска кандидатка за Белата куќа.

„Важно е, за доброто на нашата земја, Џо Бајден и јас да дебатираме за прашањата кои се важни за Америка и американскиот народ“, објави Трамп на својата социјална мрежа Трут соушал, неколку часа откако Хејли се повлече од трката.

Трамп беше жестоко критикуван откако одби да учествува во ТВ дебати со своите републикански ривали за номинација на партијата за Белата куќа во овој изборен циклус.

Тој тогаш кажа дека нема што да добие од тие дебати, истакнувајќи ја својата голема предност во анкетите.

Бајден и Трамп два пати дебатираа во 2020 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ