Поканата за инаугурацијата на 20 јануари во Вашингтон беше упатена на почетокот на ноември, непосредно по претседателските избори на 5 ноември и не е јасно дали е прифатена, објави Си-би-ес. Кинеската амбасада во Вашингтон не одговори веднаш на барањето за коментар.
Трамп во неодамнешното интервју за Ен-би-си њуз рече дека „многу добро се сложува“ со Си и дека неодамна комуницирале.
Новоизбраниот американски претседател најави дека ќе воведе дополнителни царини од 10 отсто за кинеските производи, освен ако Пекинг дополнително не се ангажира да ја запре трговијата со наркотикот фентанил кој предизвикува голема зависност. Тој, исто така, се закани со царини од повеќе од 60% за кинеските производи за време на кампањата.
Кон крајот на ноември, кинеските државни медиуми го предупредија Трамп дека неговото ветување дека ќе воведе дополнителни царини за кинески стоки поради протокот на фентанил може да ги втурне двете најголеми светски економии во меѓусебна деструктивна војна на царини.