сабота, 27 јули 2024

Трамп го пофали Хезболах. Израелски министер: Срамно, поттикнува пропаганда

Израел и Белата куќа ги осудија вчерашните изјави на Доналд Трамп во кои тој ја пофали милитантната група Хезболах поддржана од Иран и го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за нападот на палестинскиот Хамас кој уби повеќе од 1.300 луѓе во Израел.

Објавено на

часот

Сподели

Трамп, поранешниот републикански претседател, кој е фаворит за партискиот претседателски кандидат во 2024 година, го нарече либанскиот Хезболах, заколнатиот непријател на Израел, „многу паметен“ и го обвини Нетанјаху дека не бил подготвен за нападот на Хамас во кој загинаа и американски државјани.

Израелскиот министер за комуникации Шломо Кархи рече дека коментарите на Трамп пред поддржувачите и во телевизиско интервју во средата вечерта покажуваат дека нему не може да му се верува.

„Срамно е таков човек, поранешен претседател на САД, да поттикнува пропаганда и да шири работи што го повредуваат духот на израелските борци и граѓани“, изјави Кархи за израелскиот Канал 13.

Заменик-секретарот за печат на Белата куќа Ендрју Бејтс ги нарече коментарите на Трамп „опасни и непромислени“. „Воопшто не ни е јасно зошто некој Американец некогаш би ја пофалил терористичката организација поддржана од Иран како ‘паметна’“, рече Бејтс.

Демократскиот претседател Џо Бајден го осуди нападот на Хамас како „чин на чисто зло“ и изрази непоколеблива поддршка за Израел. Синоќа Трамп објави изјава во која вели дека немало „подобар пријател или сојузник на Израел“ од времето кога тој бил претседател на САД.

Неколку противници на Трамп во републиканската конкуренција исто така го критикуваа поранешниот претседател.

Трамп и Нетанјаху имаа блиски односи за време на мандатот на Трамп. Но, на Трамп му пречеше тоа што Нетанјаху му честиташе на Бајден за победата на претседателските избори во 2020 година, кои Трамп сè уште ги нарекува лажни.

Израел вети дека ќе го уништи движењето Хамас што владее со Појасот Газа како одмазда за најсмртоносниот напад врз цивили во израелската историја, кога стотици вооружени мажи ја преминаа границата и дивееја низ израелските градови во саботата.

Израелските власти соопштија дека бројот на загинати внатре во Израел се искачи на повеќе од 1.300. Повеќето се цивили убиени во своите домови, на улица или на забава. Властите во Газа соопштија дека повеќе од 1.500 Палестинци биле убиени, а над 6.000 ранети во одмаздничките израелски воздушни напади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ