сабота, 27 јули 2024

Трамп го обвини Макрон дека ѝ се „додворува на Кина“

Објавено на

часот

Сподели

Трамп, кој се обидува во 2024 година да се врати во Белата куќа, за време на својот мандат воспостави непријателски однос со Кина, иако Си го нарекуваше „свој многу добар пријател“, пишува британската агенција.

Во најновото интервју за Фокс њуз, Трамп кажа дека претседателот на Кина е „брилијантен човек“.

Трамп во интервјуто се потсмеваше со надворешната политика на актуелниот претседател на Соединетите Американски Држави Џо Бајден наведувајќи дека таа ги охрабрила Русија, Северна Кореја и Кина и ги исфрлила САД од позицијата светски лидер, што, како што пишува Ројтерс, се критики кои често ѝ беа упатувани на неговата администрација.

„Лудиот свет се распаѓа, а САД немаат апсолутно никаков збор во тоа. Макрон, кој е мој пријател, е во Кина и таму им го бацува задникот“, кажа Трамп.

На крајот на својата минатонеделна посета, Макрон ја повика Европската Унија да ја намали зависноста од САД и предупреди дека блокот не треба да биде вовлечен во кризата околу Тајван водена со „американски ритам и кинеска претерана реакција“.

За време на својот мандат Трамп промени одредени принципи на современата американска надворешна политика доведувајќи го во прашање НАТО, отуѓувајќи ги европските партнери и угодувајќи им на автократите, оценува британската агенција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ