четврток, 26 декември 2024

Трамп е на пат да ги освои и народните гласови

Како што стојат работите, се чини дека Доналд Трамп ќе ги освои народните гласови – т.е. ќе освои најмногу гласови вкупно – нешто што не му успеа во 2016 година, вели Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кога Американците гласаат на претседателски избори, нивниот индивидуален глас се брои во „народните гласови“ во нивната држава. Но народното гласање на национално ниво не мора да диктира кој ќе победи на претседателските избори.

Исходот од претседателските избори, сепак, го одредуваат електорските гласови дадени од членовите на Електорскиот колегиум. Има вкупно 538 електорски гласови и кандидатот мора да освои најмалку 270 за да биде избран.

Доналд Трамп е на пат да забележи победи во сојузните држави Флорида, Ајова и Охајо, според проекциите на Ен-би-си њуз.

Харис го освои Њу Џерси, што ѝ носи 14 електорски гласа. Сепак, патот до победата за Харис сега е речиси блокиран, проценува Њујорк тајмс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ