„Резултатите од тестирањето на супстанцијата не дадоа јасен заклучок за што точно се работи, но официјалните лица на местото на настанот не веруваат дека е смртоносна“, изјави Ендрју Сурабијан, портпаролот на Трамп Џуниор.
Трамп Џуниор, дели дом во Јупитер на Флорида со својата свршеница Кимберли Гилфојл. Канцеларијата на шерифот на округот Палм Бич потврди дека помага во истрагата и соработува со Тајната служба. Трамп Џуниор го отворил писмото, во кое имало и смртна закана, во својата домашна канцеларија, пишува Асошиејтед прес.
EXCLUSIVE: Hazmat Unit Descends On Donald Trump Jr.’s Home After He Received Death Threat, White Powder [PHOTOS]
Read my latest here first for @DailyCaller and see all the photos here first: https://t.co/fyLP20UcMn
— Henry Rodgers (@henryrodgersdc) February 26, 2024
На местото на настанот пристигнале припадници на итната помош во заштитни одела. Трамп Џуниор игра важна улога во предизборната кампања на својот татко, често е во првите редови на настаните и се појавува во интервјуа. Ова е втор пат бел прав да му биде испратен на најстариот син на поранешниот претседател.
Во 2018 година, неговата тогашна сопруга Ванеса била однесена во болница во Њујорк, откако таа отворила плик адресиран до нејзиниот сопруг во кој имало неидентификуван бел прав. Полицијата подоцна соопшти дека супстанцијата не е опасна.
Во март 2016 година, полициските детективи и агентите на ФБИ истражувале заканувачко писмо испратено во станот на братот на Доналд Трамп Џуниор, Ерик, во кое исто така имало бел прав за кој било утврдено дека е безопасен. Коверти со бел прав исто така биле испратени двапати во 2016 година во Трамп Тауер, каде бил лоциран изборниот штаб на Трамп.
Лажните напади со употреба на бел прав играат со стравовите кои датираат од 2001 година, кога писма со смртоносниот антракс биле испратени до новински организации и канцеларии на двајца американски сенатори. Тие писма убиле пет лица.