понеделник, 20 јануари 2025

Трамп денеска ќе стане претседател, вети дека ќе потпише стотици извршни наредби

Доналд Трамп денеска ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, отворајќи уште еден турбулентен четиригодишен мандат со ветувања дека ќе ги помести границите на извршната власт, ќе депортира милиони имигранти, ќе обезбеди одмазда против своите политички непријатели и ќе ја промени улогата на САД во светската сцена, пишува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Церемонијата ќе се одржи во 18 часот по локално време во Ротондата на американскиот Капитол, четири години откако толпа приврзаници на Трамп упаднаа во Капитол во неуспешен обид да го спречат поразот на републиканецот Трамп од демократот Џо Бајден во 2020 година.

Заклетвата беше преместена во затворен простор за прв пат по 40 години поради екстремниот студ. Свечената инаугурација, која вообичаено се одржува надвор од Капитол, беше преместена внатре поради големиот студ.

Се очекува температурите да се спуштат до -11°C. По полагањето заклетва, Трамп ќе ѝ се обрати на нацијата, а потоа во парада низ градот ќе отиде до Белата куќа. На инаугурацијата се очекуваат околу 200.000 негови поддржувачи.

Се очекува Трамп денеска да потпише повеќе од 200 извршни наредби. Ова ги вклучува извршните наредби, кои се правно обврзувачки, и други претседателски директиви, како што се прогласите, кои обично не се правно обврзувачки.

Извршната наредба е писмена наредба издадена од претседателот до федералната влада за која не е потребно одобрение од Конгресот.

Со други зборови, тоа е еден начин на кој претседателите можат да спроведат промени во политиките без да мораат законодавците да гласаат за нив.

Сепак, извршните наредби мора да бидат во согласност со законот и може да бидат предмет на правна ревизија.

Трамп потпиша 220 извршни наредби за време на својот прв мандат, од кои некои беа оспорени пред судовите.

Бајден издаде 160 извршни наредби, додека Обама и Буш, кои служеа два последователни мандати, издадоа 277 односно 291 наредба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ