недела, 20 октомври 2024

Трамп чува „прецизен план за Украина“ како изненадување

Кандидатот на Републиканската партија за претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во вторникот изјави дека развил „прецизен план“ за ставање крај на војната во Украина, но дека нема да го открие за да го задржи ефектот на изненадување.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ако победам, како новоизбран претседател, ќе се погрижам договор да биде постигнат, загарантирано. Имам многу конкретен план да ги запрам Украина и Русија и имам одредена идеја – можеби не план, туку идеја – за Кина“, рече Трамп.

Поранешниот претседател одби да разговара за деталите од тие планови.

„Ако ви ги дадам, нема да можам да ги користам“, рече тој, инсистирајќи на потребата да се задржи ефектот на изненадување.

Доналд Трамп постојано тврди дека ќе ја реши војната меѓу Русија и Украина за 24 часа, но никогаш не објасни како мисли да го направи тоа.

Во последниве месеци, тој беше силно критичен за милијардите долари што Соединетите Држави ги потрошија за поддршка на Киев во неговата војна против Москва, повикувајќи ја Европа „да продолжи понатаму“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ